Три возила се судрија кај Кичево, малолетничка со тешки повреди, а уште четири лица се во болница

На 17.05.2024 во 22.55 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(18), патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од В.Х.(59), сите од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „фиат“, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, возачот на патничкото возило „пасат“ и неговиот сопатник Ќ.Р.(30) од с.Туин,кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Претходна вестУапсена вработена во МВР фатена со над 10.000 евра од измама
Следна вестМЗТ Скопје Аеродром сака да ја продолжи доминацијата, Пелистер се надева на „трета-среќа“