Вечерва сум на трибина во Тетово со земјоделците од полошкиот регион во организација на републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Целта на оваа трибина е во една дискусија со земјоделците за апсолвирање на актуелната состојба во земјоделството во Македонија, како еден од носечките столбови и на нашата економија и на државата, вели Цветан Трипуновски.
Ќе зборуваме за идни решенија во земјоделскиот сектор и нормално она кое што најмногу ги засега земјоделците од овој регион.
Практично ние ќе бидеме корективот на моменталната власт, и она што значи подобро утре за сите земјоделци во државата и решавање на сите актуелни проблеми.
Тоа е и целта на оваа трибина и оваа комуникација ќе продолжи и во следниот период, која што ќе значи влевање надеж на земјоделците ширум Македонија, кои што во овој момент слободно можам да кажам ги живеат најцрните денови од постоењето на нашата држава.