Тројца македонски државјани приведени во Црна Гора, осомничени се дека продавале лажни часовници

Тројца македонски државјани се уапсени во Црна Гора откако се осомничени дека продавале часовници по повисока вредност од вистинската, објавија црногорските медиуми.

-Службеници на Одделението за обезбедување Подгорица, во соработка со службеници од Одделението за обезбедување Бар, вчера приведоа тројца државјани на Република Северна Македонија кои се осомничени за кривично дело измама. Се сомничи дека В.Д., Ф.Д. и Д.С. ова кривично дело го сторил на тој начин што повеќепати им приоѓале на постари граѓани на улица, на територијата на повеќе градови во Црна Гора и ги доведувеле во заблуда со изнесување одредени информации и им продавале часовници за значително повисоки износи во однос на нивната реална вредност, со уверувањето дека се работи за скапи парчиња, соопштија од Полициската управа.

Се наведува дека на 28 март во Подгорица на едно лице му продале часовник од помала вредност за сума од 1.500 евра, што го повториле во неколку наврати во повеќе градови во Црна Гора.

Полицијата извршила претрес во станот и другите простории што ги користеле овие лица на територијата на општина Бар, при што во таа прилика биле пронајдени пари во вредност од 3.370 евра, разновидни рачни часовници, накит, како и гардеробата што ја користеле. Од нив е одземено и возило мерцедес.

Претходна вестВо престрелката во Арачиново рането уште едно лице
Следна вестУтре и задутре поради штрајкот на грчките цариници нема да може да се влезе во Грција