Тројца повредени во сообраќајката кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“

Три лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила утринава на крстосницата кај Соборен храм „Свет Климент Охридски“ во Скопје, соопшти полицијата.

МВР информриа дека На 13.11.2022 околу 04,00 часот е пријавено дека на крстосница од бул. „Партизански одреди“ и бул. „Св.Климент Охридски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од с. Црн Врв, скопско и патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(39) од Скопје.

-По несреќата, возачот А.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а возачот Б.Т. и неговиот сопатник Т.В.(53) од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар на Б.Т. му биле констатирани телесни повреди, а на сопатникот Т.В. му биле констатирани тешки телесни повреди, се наведува во информацијата.

Претходна вестФатени дрвокрадци во ресенско, две возила полни со дабови дрва
Следна вестАрсовска изрази благодарност на борците за ослободување на Скопје