Три лица од Скопје се приведени откако биле затекнати како се обидуваат да крадат кабли во Велес. Против сите нив ќе следи соодветна пријава.
Како што информираат денеска од МВР, полициски службеници од СВР Велес вчера во 8:30 часот ги лишиле од слобода А.Г. (31), Г.Б. (33) и Н.Е. (37), сите од Скопје, кои биле затекнати во фабрика во Велес како сечат одземени бакарни кабли.
– Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициската станица во Велес, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следи соодветна пријава, се додава во соопштението на МВР.