Тројца скопјани краделе кабли во Велес

161

Три лица од Скопје се приведени откако биле затекнати како се обидуваат да крадат кабли во Велес. Против сите нив ќе следи соодветна пријава.

Како што информираат денеска од МВР, полициски службеници од СВР Велес вчера во 8:30 часот ги лишиле од слобода А.Г. (31), Г.Б. (33) и Н.Е. (37), сите од Скопје, кои биле затекнати во фабрика во Велес како сечат одземени бакарни кабли.

– Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициската станица во Велес, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следи соодветна пријава, се додава во соопштението на МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМногу фалење, многу врева, многу изгубено време за само 1 пратеник повеќе
Следна вестДва соседни мита и нашите „уставни измени“