Тројца скопјани вчера искасани од кучиња во Аеродром, Драчево и на автопатот „Пријателство“

Тројца скопјани вчера биле искасани од улични кучиња во три одвоени случаи на подрачјето на општините Аеродром и Кисела Вода.

На 12.08.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, И.К.Ј.(39) од Скопје пријавила дека на пешачката патека покрај река Вардар во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

-На 12.08.2024 околу 11.45 часот во Полициската станица Драчево, М.У.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје била касната од куче скитник. Истиот ден, во 20.45 часот во Полициската станица Кисела вода, М.С.(39) од Скопје пријавила дека на автопатот „Пријателство“ во близина на Велес била касната од куче скитник, информираа од полицијата во денешниот полициски билтен.

Претходна вестДонесени измените за урбанизам во скратена постапка – партијата „Левица“ гласаше против
Следна вестАнтикорупциска: Претседателските кандидати потрошиле 7,5 милиони евра, Сиљановска Давкова и Пендаровски по околу 2,6 милиони евра