Како „голем срам за Канада“ на синоќешната конференција за печат канадскиот премиер Џастин Трудо ги оцени овациите и славењето на 98-годишниот Украинец Јарослав Хунка, кој се борел нацистичка СС единица во Втората светска војна. Хунка доби овации откако претседателот на Долниот дом Ентони Рота го нарече „херој на борбата против Москва“ за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот. При ова, присутните, меѓу кои и Зеленски, неговата сопруга и Трудо, му укажаа чест со стоечко ракоплескање.
-Ова нешто е голем срам за парламентот на Канада и со самото тоа за сите Канаѓани, потенцира Трудо додавајќи дека е „исклучително вознемирувачко тоа што се случи“.
Инцидентот се случи во петокот, кога во парламентот се обрати Зеленски. Хунка седел во галеријата на Долниот дом кога претседателот Рота покажал на него кажувајќи дека е канадско-украински херој и дека му се заблагодаруваат за неговата служба.
Рота кажа дека не знаел за нацистичките врски на Хунка и дека згрешил што го поканил да присуствува на настанот, а сега се соочува со повици да поднесе оставка. Канадскиот премиер сепак не го прозва Рота, кој е член на неговата Либерална партија, да поднесе оставка. Неговиот кабинет соопшти дека одлуката за поканата на Хунка ја донел исклучиво кабинетот на претседателот на парламентот. Негираа дека имало приватна средба на Хинка со премиерот Трудо.