Центарци в сабота организирано ќе чистат во основните училишта

Општина Центар в сабота организира голема акција за чистење на сите осум основни училишта во општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, рече дека заедно со хигиеничарите и лично ќе учествува во чистењето и ги повика и учениците, наставниците, родителите, екологистите, невладините организации и сите добронамерни и заинтересирани граѓани да се приклучат.

Тој рече дека клучот за чиста општина во најголем дел не зависи од степенот на ангажираност на хигиеничарите односно времено ангажираните лица во општината туку од свеста на граѓаните за чиста околина и фрлање ѓубре во кантите за отпадоци.

Акцијата ќе се спроведе во секое основно училиште во општината.

 

Претходна вестДел од „Ацо Караманов“ без вода
Следна вестПрофесорот по трудово право-Јовевски: Со мерките брутално се повредуваат човекови права, на потег се адвокатите