Тупанчевски проговори за Палермо – но зошто толку долго одбиваше да зборува за случајот?

Министерот за правда Никола Тупанчески за не ја платил картата за чартер-летот и за ВИП ложата на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил четири дена по одржувањето на натпреварот.

И покрај ова признание, тој и натаму тврди дека не го прекршил Етичкиот кодекс во кој има ограничувања до која вредност може да се примаат подароци, но и под кои услови.

-Чартер-летот не е вклучен, воопшто не е вклучен, затоа што и да сакате да биде вклучен, тој не може да биде вклучен. Постои начин на организација на патувањето. Начинот или селекцијата на луѓето коишто патуваат треба да биде направен од страна на луѓето кои го организираат патувањето. Јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости кои патуваат и јас сум само составен дел од делегацијата. Дури морам да ви кажам дека и  делот  што е платен е платен на мое инсистирање бидејќи мислев дека така треба да биде, вели Тупанчески за „А1он“.

Од давачки за патувањето, платил аранжман на агенцијата „Гуливер“, исто како и обвинителката Фатиме Фетаи. Не ја покажа фактурата, ниту доказ за исплатата, но тврди дека ја платил на 28 март, односно кога изби аферата за него и се врати од Палермо.

-Фактурата е подмирена. Ја достави агенцијата што го организираше патувањето. Фактурата е подмирена во рокот кога е дадена за подмирување. Дадена е пред патувањето, подмирена е во рокот што е наведен во фактурата. Нека биде ексклузивно, доставена е на 24, а натпреварот беше на 25. Подмирена е на 28, а рокот е до наредниот четврток, кажа Тупанчески за „А1он“.

Тој тврди дека нема никакво прекршување, но и дека е подготвен да се соочи со последиците кои би произлегле ако го прекршил Етичкиот кодекс.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека случајот го анализира вицепремирката Славица Грковска, од каде се очекуваат и евентуални мерки.

Претходна вестИма покачување на цената ама нема недостаток на масло за јадење, тврди Бектеши
Следна вестВ четврток и петок два часа протест на судовите поради платите