Турската Супер лига ќе продолжи на 19 декември

Фудбалското првенство на Турција, кое во понеделникот го прекина претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган, ќе продолжи на 19 декември, соопшти денеска претседателот на Турската фудбалска федерација (ТФФ).

Турскиот шампионат беше прекинат откако претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа, го нокаутира судијата Халил Умут Мелер по завршувањето на натпреварот против Ризеспор.

Уште неколку луѓе заедно со Коџа влегоа на теренот и му зададоа удари на судијата додека тој лежеше на тревата. Судијата Мелер заврши во болница, од која во средата беше отпуштен.

Коџа и уште двајца мажи беа уапсени и спроведени во притвор. По инцидентот Коџа му се извини на судијата и најави дека ќе поднесе оставка на претседателската функција во Анкарагучу.

Претходна вестСузбиенa организиранa криминалнa групa инволвиранa во кривични дела од економски криминал и кривични дела против културно наследство
Следна вестПожар во скопскиот Клинички центар