Турски државјанин со пиштол и 60 куршуми сакал да се качи на авион

Полициски службеници вчера во утринските часови на скопскиот аеродром го лишиле од слобода O. Х. Х. (29) од Турција.

Како што информираат од МВР, при контрола во неговата патна торба биле пронајдени и одземени еден пиштол со рамка за муниција и 60 куршуми.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

Претходна вестШто велат познати скопјани: Може ли градот да издржи прилив на нови жители?
Следна вестИзмамници од Скопје им „фрлиле око“ на локали во Струмица