Уапсен 19-годишник кој избоде патник во автобус на ЈСП

19-годишник од скопското село Љубин уапсен е вчера откако избодел патник во автобус на ЈСП со број 60. Уапсениот е задржан во полициска станица.

– Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров- ПО Сарај денеска (11.04.2023) го лишија од слобода Х.Џ. (19) од с.Љубин, скопско поради основи на сомнение дека на 04.04.2023 во автобус на ЈСП со бр 60 со остар предмет го нападнал Д.П. од с.Шишево и му нанел повреди, информираат од МВР.

Х.Џ. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестПо две недели пак земјотреси во Штип, најсилниот 3 степени
Следна вестПешаците вчера дома си донесоа и 32 казни, 18 возачи не се престројувале правилно…