Уапсен додека крадел во кола во Карпош

Скопјанец е приведен од страна на полицијата откако е фатен во кражба вовозило вчер аво Карпош.

На 11.01.2021 во 20.00 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од СВР Скопје од слобода е лишен Љ.С.(43) од Скопје, додека се обидувал да изврши кривично дело „тешка кражба” во возило. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела тешки кражби, соопшти полицијата.

Лицето е задржано во Полициската станица Карпош за понатамошно постапување.

Претходна вестПатеката на кејот кај панорамскиот мост наскоро ќе биде проодна
Следна вестВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи СДСМ за клеветите изречени за Мицкоски