Уапсен криумчар на мигранти од Пакистан, Сирија и Египет

При контрола на патничко возило со скопски регистарски таблички кај Криволак, управувано од Б.Г.(47) од Скопје биле пронајдени 6 лица мигранти. Од нив, 3-ца се од Пакистан, 2 лица од Сирија и 1 од Египет.

– Полициски службеници од Полициското одделение за граничен надзор Михајлово вчера кај местото Криволак го лишиле од слобода Б.Г. од с. Волково, скопско. При контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 6 лица мигранти. Претходно, во 20.30 часот возилото било забележано на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, но не застанало на даден знак за запирање. Откако стигнало во Криволак, возачот и мигрантите се обиделе да побегнат но биле фатени, се вели во соопштението од полицијата.

Оттаму информираат дека мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар, а за случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестДимитриевски: Куманово собра 400 милиони денари приходи, Арачиново нула и доби 600 илјади евра од државата
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Човек близок до Груби лапна хотел по цена на гарсоњера