Уапсен лекарот кој што ги снимал пациентките во тетовската болница

Приведен е лекар од тетовската болница кој со својот мобилен телефон снимал пациентки и видеото го објавил на Тик Ток, потврди МВР за „360 степени“.

Случајот во полиција го пријавил директорот на болницата, а како што пренесе ТВ 21, станува збор за анестезиолог кој бил ангажиран на гинеколошкото одделение за прекин на бременост.

– Јас како директор сега сум во СВР Тетово да го презентирам случајот и во најбрз можен рок ќе го решиме ова прашање со органите на прогонот. Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите, изјавил директорот на болницата Пелумб Вела за ТВ 21.

На видеото се гледа како лекарот се движи низ болницата  се смее додека ги снима колегите и пациентите згрижени во болницата.

Претходна вестПосебен режим на сообраќај за велигденските празници во Скопје
Следна вестГерманија ги затвора последните три нуклеарни централи