Уапсен насилник од Пробиштип, со секира влегол во двор на средно училиште и им се заканувал на вработените

Вчера од страна на полициски службеници на Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал Скопје, полициски службеници од ОСОСК и СВР Штип, во содејство со САЕ Тигар, по претходно издадени судски наредби, извршени се претреси на пет локации во Пробиштип и една локација во Штип, при што од слобода е лишен 43-годишниот Љ.Н. од Пробиштип, извести МВР.

– Љ.Н. на 21.12.2023 околу 13.00 часот со секира влегол во училишниот двор на Средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ во Пробиштип и им се заканувал на вработените, со спреј пишувал пораки со заканувачка содржина по надворешните ѕидови од училиштето, по што уништувал предмети и инсталации во ходниците на училиштето и се обидел да ја скрши вратата од канцеларијата на директорката на училиштето. Потоа Љ.Н. влегол во зградата на Центарот за социјални работи во Пробиштип каде упатувал закани по животот на вработените, извести МВР.

Против Љ.Н. е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, а се преземаат и дополнителни мерки во врска со овој случај.

Претходна вестПочинат маж пронајден во напуштена куќа во Аеродром
Следна вестДвајца разбојници ограбиле маркет во Аеродром