Во претпладневните часови на 22 јули во тетовското село Лавце полицијата го уапсила 31-годишниот Н.Б. од ова село, за кој постои сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство.
Како што информираат од МВР, на 1 јули околу 18 часот на тетовската улица Љуботенска, 31-годишникот пукал со огнено оружје, ранувајќи 40-годишник од Тетово.