Уапсена девојка од Кочани, истепала и ограбила постара жена од Штип 

Приведена е девојка од Кочани поради разбојништво, соопшти полицијата.

МВР информира дека вчера, во 16 часот, на улицата „Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за општ криминал и Полициската станица Штип при СВР Штип ја лишиле од слобода 23-годишната Џ. С. од Кочани.

-Таа се сомничи дека на 15.5.2024 извршила кривично дело разбојништво над Л. М. (69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи“, соопшти МВР.

Џ. С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ. С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестДоколку се продолжи во ваквите изјави Преспанскиот договор ќе се поништи, вели грчки министер
Следна вестОд Косово во Македонија екстрадиран Бесим Красниќи