Шефот на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), Александар Бортников го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека се уапсени четворица терористи кои го извршија нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва и уште седум други лица, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
Како што се наведува, во тек е идентификација на соучесниците на терористите.
Во терористичкиот напад, за кој одговорноста ја презеде терористичката група Исламска држава (ИСИС), загинаа 93 лица, а повеќе од 145 беа повредени.