Во пладневните часови на 20 јули полициски службеници во Скопје ги уапсиле С.М.(39) од Сарај, Е.А.(25) од Глумово и А.З.(36) и Б.З.(33) од Ласкарци, бидејќи со разни предмети оштетиле паркиран џип „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.С.(53) од Шишево.
По стореното злодело, насилниците се обиделе да побегнат со „ауди“ и „голф“, со скопски регистарски ознаки.
При преглед од страна на полициските службеници, кај С.М. бил пронајден пиштол „Токаѓу 58“, а кај А.З. бил пронајден пиштол „Екол тигар“, кои ги поседувале без дозвола.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот