Уапсени две лица од Свети Николе, при претрес им била пронајдена марихуана

На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вест942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи ќе ги следат изборите во среда
Следна вестВанковска: Во трката за претседател, влегов за национална кауза