Уапсени разбојници од Тетовско, украле пари и производи од продажен објект

Вчера во 11.35 и во 12.20 часот во село Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода 36-годишниот Љ.З. од село Боговиње и 32-годишниот Е.Н. од село Горно Седларце.

Тие се сомничат дека во периодот од 01.00 до 06.00 часот извршиле тешка кражба во продажен објект сопственост на 55-годишниот Н.И. од село Боговиње, при што одзеле пари и повеќе производи.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Претходна вестСДСМ: До 2.000 денари заштеда за граѓаните со предлогот за укинување на ДДВ за основните производи
Следна вестСезимолошка опсерваторија: Споделувањето невистинити и погрешни податоци за земјотресите може да предизвика општа паника