Во паркот во населбата Ново Лисиче, во близина на булеварот „Видое Смилевски Бато“ е поставен видео-бим на кој жителите од околните згради можат заеднички да ги следат натпреварите од Европското фудбалско првенство.
Во просторот, каде има и детско игралиште, се поставени и клупи како трибини каде секојдневно се собираат жителите од сите возрасти, кои освен што гледаат натпревари имаат можност и да се дружат.
Во разговор со нив ни кажаа дека ова го организирала општината. Ако судиме според нивните реакции, оваа идеја е полн погодок.