Убаво: трчаа маратонците, трчаа и волонтерите додавајќи вода, чистејќи…

Многу скопјани излегоа денеска на булеварите за да ги бодрат 1.500-те маратонците кои трчаа на „Скопскиот маратон“. Убава беше сликата за гледање каде многу атлетичари манифестираа издржливост и посветеност во спортот. Убава беше сликата и со скопјаните стационирани покрај патеката како ги бодрат спортистите.

Особено убава беше сликата со младите волонтери кои помагаа околу маратонот. Додаваа вода и лимон на атлетичарите, ја чистеа патеката, ги бодреа спортистите…

-Уште не можам да издржам толклу долга трка, ама можам да метам и да додавам вода на спортистите. Еден ден и јас ќе се тркам, ни рече еден малолетен волонтер кој беше на булеварот во Аеродром.

Е, Скопје не може и без грди слики. Тоа овој пат беше резервирано за многуте разгалени и распекмезени возачи кои употно трубеа на крстосниците негодувајќи дека чекаат да поминат маратонците. Нив некаде им се брзаше.

Претходна вестУкраинецот Шевченко најбрз на маратонот, Ивановски одличен – втор
Следна вестМицкоски: Зa Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање