Убиен полицаец во Велес – осомничена е жената со која живеел

Четириесетгодишниот полициски службеник А.Р. од Велес е убиен вчера на два часа по полноќ, а полицијата веќе ја привела неговата невенчана сопруга.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, утрово околу 5 часот полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес, поради сомнение дека во 2:20 часот во семејната куќа на улица „Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на А.Р. (40) од Велес, по што починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестМаричиќ се надева дека пописот ќе заврши во планираниот рок, Статистика треба да процени
Следна вестВучиќ има здравствени проблеми