Според повеќе страnски медиуми ќерката на Александар Дугин, соработник на рускиот претседател Владимир Путин е убиена во близина на Москва. Според извештаите, Дарија Дугина загинала откако автомобилот и експлодирал додека се возела кон дома. Наводно, во тој автомобил како цел на нападот требало да биде блискиот соработник на Путин, но тој влегол во друг.
Дугин е истакнат идеолог за кој се верува дека е близок со рускиот претседател. Според рускиот медиум 112, Дугин и неговата ќерка требало да се вратат од настан во ист автомобил во саботата вечерта, но Дугин во последен момент влегол во друг автомобил.
Самата Дарија е новинар и политиколог.