Учебникот по Историја за петто одделение уште не е стасан, министерот Шаќири има објаснување

Непријавувањето на универзитетските професори да извршат рецензија е причина за доцнењето на новиот учебник по „Историја и општество“ за петто одделние во основното образование. Новиот учебник треба да го замени учебникот по овој предмет којшто беше повлечен откако во него беа утврдени десетици тешки грешки во лекциите. Министерот за образование Јетон Шаќири денеска објанси дека тие сепак очекуваат да бидат определени рецензенти.

-После одлуката за повлекувањето на учебникот по Историја за петто оделеение се формираше авторски тим од кој имаме завршна фаза на ракописот. МОН достави барање неколкупати до Факултетите за да достават претседатели и членови на рецензентна комисија. Ние секојдневно бараме од универзитетите да се пријават професори за рецензија. За брзо време, ќе имаме рецензенти и педагошката служба ќе каже кога постапката ќе заврши, рече Шаќири без да прецизира дали учебниците ќе им стигнат на учениците во првото полугодие.

Министерот рече дека доставата на учебниците во школите била комплетирана вчера, иако тој најави дека до крај на септември, најдоцна до почетокот на октомври учениците ќе можат да учат од нови учебници.

-Ккажавме на крај од септември и почеток на октомври, но ме радува фактот што ова заврши. Оваа година докажавме дека кога стигнуваат навремено програмите, стигнуваат и учебниците. Имаше ситуации каде што за одредени учебници требаше да се работи на графичко-техничка регулација, некои автори побараа за некои делови од учебниците да се коригираат и затоа се доцнеше, образложи Шаќири.

За следната учебна година Бирото за развој на образованието бара најдоцна до крајот на 11 месец да се достават новите програми за седмо оддееление за да стигнат навреме да се испечатат затоа што само тие се менуваат.

Претходна вестСо „Барам љубов“ се отвора неделата на јапонски филм во Скопје и Битола
Следна вестАндоновска: Градоначалничката Арсовска не е присутна шест месеци по ред на седници за советнички прашања