Учениците од денеска на распуст, за министерството не треба да има одмор

Основците и средношколците од денеска се на зимски распуст кој ќе трае до 20 јануари. Наредниот ден учениците ќе ја продолжат наставата од второто полугодие на учебната 2020/2021 – во училишните клупи или пред ИТ-уредите.

Зимскиот распуст е во период како и во минатите години и, иако имаше барања, не беше предвремен затоа што повеќето од вкупниот број ученици во земјава наставата ја следат онлајн. Кај оние со физичко присуство, како што информираше МОН, заразени ученици и наставници има под еден процент и училиштата не се преносители на вирусот.

Оваа година првото полугодие траеше пократко, три месеци, зашто согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159.

Инаку, распустот не треба да важи за надлежното министерство кое треба многу работи да надогради за поуспешно да се спроведе до крај школската година. Едно е што министерката се фали дека се тече според предвиденото, а сосема е друго што се случува на терен. Еве им време за распустот да ги најдат пропустите и да ги решат. Секако, ако сакаат да ги видат и решат.

Претходна вестПроменливо облачно со повремени врнежи, за новогодишната ноќ суво
Следна вестРегионот веќе се вакцинира, а на Македонија вакцини ќе и пристигнат во февруари