Сообраќајка и нехуман гест направил струмичанец кој вчера вечер предизвикал сообраќајна незагода кај село Баница, струмичко во која едно лице е тешко повреден. МВР соопшти дека доцна синоќа во 22.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Баница, струмичко, И.К.(22) од село Баница, управувајќи патничко волзило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда.
-По несреќата, И.К. го напуштил местото, а сопатникот К.Ѓ.(29) од Струмица бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди, се наведува во информацијата.
По преземени мерки, во 23.50 часот возачот бил пронајден и пренесен во Медицински центар Струмица, каде што, исто така, му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.