УЕФА ја казни Македонија за исвиркувањето на англиската химна

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изрече санкција кон Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заради недолично однесување за време на гостинската химна на Англија.

Во извештајот на УЕФА стои дека исвиркана била националната химна на Гордиот албион за време на мечот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје кој се одигра на 20 ноември. Поради тоа, според членот 16, ФФМ ќе треба да плати казна од 15.000 евра.

Натпреварот меѓу Македонија и Англија беше последен од квалификацискиот циклус за ЕП 2024, а заврши со нерешен резултат 1-1.

Претходна вестНотар од Тетово со лажен потпис префрлил имот
Следна вестНаутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност