УХМР прогноза: Дожд, ветер и снежна недела

Од утре до понеделник, во поголем дел од Македонија се очекуваат врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Врнежите ќе бидат со умерен интензитет, освен во западните делови каде ќе бидат пообилни, додека во недела понекаде и над 25 литри на 24 часа.

Според УХМР, во сабота, а особено во недела на планините во западните делови ќе врне снег.

За време на викендот ќе дува и умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.

Од вечерните часови в понеделник, температурите уште повеќе ќе паднат со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник ќе има појава на дожд и ќе почне да дува северен ветер. Во вторник ќе биде ветровито, а до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел  од земјата.

Претходна вестНов убедлив пораз на ракометарите: Македонија – Русија 20 : 32
Следна вестКовид-19 во 24 часа: 14 починати, 307 новозаразени и 658 лица кои ја победија болеста