Во попладневните часови и во текот на утрешниот ден ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму посочуваат дека утре и в четврток ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец. Изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја ќе има во четврток.
Од УХМР препорачуваат да се внимава во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.