УЈП: Спречена измама со поврат на ДДВ од околу 2,6 милиони евра

Спречен е обидот на три фирми кои тргувале со нафта и нафетени деривати  од кумановско-липковскиот регион со лажни фактури да добијат поврат на ДДВ од околу 2,6 милиони евра, информира на денешен брифинг во УЈП директорката Соња Лукаревска. Таа зборуваше за спроведени контроли кај три даночни обврзници регистрирани за вршење дејности трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало кои пристапиле кон изигрување на законите преку промена на назив и седиште на правното лице, како и промена на сопственичката и управувачката структура. Тие фирми немале пријавени вработени, соодветни лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, бензинска пумпа и складишен простор, а се служеле со фиктивни фактури за милионски суми.

Станува збор за три даночни обврзници и петмина добавувачи.

-Нема оштетување на Буџетот затоа што даночните службеници спречиле исплати за поврат на ДДВ од 160.117.130 денари (2,6 милиони евра) и за Данок на личен  доход од 18  969.998 денари (околу 306.000 евра), информираше Лукаревска.

За овие случаи УЈП доставиле писмени пријави со докази до ОЈО и МВР на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година.

Кај првиот контролиран случај станува збор за  утврдени неправилности по основ на  ДДВ од 79. 350. 190 денари (1,3 милиони евра). Ова фирма веднаш штом започнале контролите на УЈП почнала да менува и адреса и сопственик кој станува странско лице од Хрватска. Биле избришани и сите книговодствени траги по што на контролата не и е доставена никаква документација. Фирмата немала ни лиценца за обавување на дејност, бензинска пумпа, ниту складишен простор за чување на нафтата, но издавала и примала фактури…

Во вториот случај обидот е за наплата на  26.090.205 денари (420.000 евра), исто така, од фирмата која работела со нафети деривати но немала ниту лиценца, ниту складиште. И таа извршила промена на основачката структура, а како нов сопственик е државјанин на Косово. Фирмата имала сметководствени залихи на нафтени деривати, а немала ниту складиште. Фактурите не се книжени во сметководство кај добавувачите.

Во третиот случај се работи за обид за измама од 54.676 милиони денари (880.000 евра).

-Фирмата е основана на крајот од 2022 година, во 2023 година е извршена промена на седиште, како и сопственичка структура. Како нов основач и сопственик, се јавува државјанин на Косово. Нема лиценца за трговија со нафта и нафтени деривати, нема складиште, рече Лукаревска.

Таа додаде дека УЈП спровела постапка за  присилна наплата на Данок на солидарност кај осум даночни обврзници, кај седум е завршена и останува уште еден од трговија со дрва, градежен материјал и санитарна опрема, а кој треба да уплати уште шест милиони денари.

 

Претходна вестМаж со својот автомобил се забил во ограда, со тешки повреди пренесен во болница
Следна вестЌе се заоструваат критериумите за добивање термин за снимање на Радиологија