Укажува ли скринингот дека е време да се укине обврската учениците да носат маски?

Првите резултати од скринингот на учениците се охрабрувачки. Иако целосно не е завршено, тестирањето покажало дека од 800 ученици само 8 биле регистрирани како позитивни на корона вирусот. Тоа е добар тренд и прогноза е дека ќе се задржи и до крајот на предвиденото тестирање на околу 2.000 ученици.

Секако, треба и да се почека на вкупните резултати кои се најавуваат за крајот на неделава за да се види какви поуки од тоа треба да се извлечат. Во прилог на оптимистички очекувања одат и вкупните дневни бројки на новозаразени лица во земјава а кои имаат тенденција на намалување.

Колку сето ова ги тера членовите на Комисијата за заразни болести да размислува за за ублажување на сегашните превентивни мерки? Дали можеби е време да се укине обврската учениците да носат маски по цел ден во училиште?

Веќе од поодамна повеќе од илјада родители потпишаа петиција со која се укажуваше на лошите последици од носењето на маските од страна на учениците. Слично укажуваа и медицинските експерти, кои предупредуваа на здравстевни, но и психолошки последици кај децата од целодневно седење со маски на лицето. Меѓутоа, ваквите барања досега не се прифатија со образложение дека „не е време за тоа“ па дури и дека „не се добиени таквите барања“.

По позитивните почетни резултати на скринингот и она што ќе се дознае на крајот, за овој проблем треба посериозно да се решава. Посебно и од причина што во многу земји превентивните мерки се ублажуваат.

Претходна вестПриведено момче кое што со пиштол-играчка се заканувало на минувачи кај Бит-пазар
Следна вестРуските воени сили влегоа во Украина, силни експлозии во неколку градови, ЕУ, САД, Кина со реакции