Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Билјана Ангеловска, денеска по повод Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, ги додели наградите за најдобри научници и уметник на годината во повеќе научно-истражувачки подрачја.
– Традиционално УКИМ доделува награди и признанија на своите најдобри научници. Денес ги одбележуваме исклучителните достигнувања, напредните истражувања и неуморната потрага по знаење на дел од нашите најдобри истражувачи. Наградата и плакетите кои УКИМ ги доделува за најдобар научник, се признанија резервирани за оние кои отидуваат над и подалеку во нивните придонеси за науката и за нашата универзитетска заедница, рече Ангеловска.
Наградата за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2023 година им беше доделена на д-р Даниел Велинов, редовен професор на Градежниот факултет во Скопје за најдобар научник во НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ НАУКИ, д-р Димитар Трајанов, редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, за најдобар научник во НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ НА ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИТЕ НАУКИ, д-р Андреј Николовски, доцент на Медицинскиот факултет во Скопје за најдобар научник во НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ НА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ, д-р Александар Узунов, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје за најдобар научник во НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ НА ветеринарни и земјоделски НАУКИ, д-р Александар Стојков, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје за најдобар научник во НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ НА ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, и м-р Зоја Бузалковска, редовен професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје за НАЈДОБАР УМЕТНИК.
Плакетите, пак, им беа доделени на академик проф. д-р Валентин Мирчески, редовен професор на Природно-математичкиот факултет, академик проф. д-р Сашко Кедев, редовен професор на Медицинскиот факултет, проф. д-р Владимир Трајковиќ, редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, проф. д-р Љупчо Пејов, редовен професор на Природно-математичкиот факултет, проф. д-р Ефтим Здравевски, вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, проф. д-р Христијан Ѓорески, вонреден професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии, проф. д-р Петре Макрески, редовен професор на Природно-математичкиот факултет, и проф. д-р Златко Левков, редовен професор на Природно-математичкиот факултет.