Украдена бистата на Васил Главинов во Центар

Вчера во полиција било пријавено дека пред седиштето на Социјалистичката партија на Македонија на подрачјето на Центар била одземена бронзена биста на народниот херој Васил Главинов.

-На 20.02.2024 околу 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред седиште на политичка партија на подрачјето на Центар била одземена бронзена биста на народниот херој Васил Главинов, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаде МВР во дневниот билтен.

Велешанецот Главинов е познат по свопите пишувања во весникот Револуција, каде истакнуваат цитатите „Македонија не припаѓа, ниту на Бугарите, ниту на Србите, ниту на Грците, а си припаѓа сама на себе“ и „Автономисти по убедување, ние сакаме Македонија да биде за Македонците“.

Претходна вестПендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март
Следна вестЧетири земјотреси ја погодија Хрватска за помалку од два часа