Од фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на с.Алданци, крушевско, ноќеска се украдени 108 шишиња масло од канабис и 6 најлонски ќеси со иглички од цветот од растението канабис.
Информацијата утрово прво ја објавија од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ја потврдија и од МВР.
Велат дека во објектот е влезено со употреба на сила и подесен алат. Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова втора ваква голема кражба за неколку дена. Солзавци, шок бомби и други предмети пред 4 дена беа украдени од магацин на полицијата во Охрид, лоциран во старата Касарна.
Досега нема информација дека кратците се откриени.