Украина го изврши најголемиот напад досега врз Москва – нема повредени, објави градоначалникот на рускиот главен град

Руските противвоздушни сили синоќа уништија 45 украински беспилотни летала, од кои 11 над московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана. Уште 23 биле соборени над регионот Брјанск, шест биле уништени над регионот Белгород, три над регионот Калушка и два над Курск, пренесува РИА Новости.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека тоа е еден од најголемите обиди за напад на главниот град на Русија со беспилотни летала досега.

-Системите за противвоздушна одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите. Некои од нив беа уништени над Подолск. Ова е еден од најголемите обиди да се нападне Москва со беспилотни летала. Ние продолжуваме да ја следиме ситуацијата, напиша градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм.

Тој додаде дека според првите информации нема повредени и не е забележана штета.

Во изминатите неколку месеци, Украина постојано испраќа по едно или две беспилотни летала кон Москва, секој пат без значителна штета.

Сепак, се чини дека овој последен напад е поголем од оној во мај минатата година, кога над главниот град беа уништени најмалку осум дронови, што го поттикна рускиот претседател Владимир Путин да рече дека Киев се обидува да ја испровоцира и исплаши Русија.

Претходна вестАнгелов не треба да здивне, оти дождот не е платен да ги решава пожарите
Следна вестТаравари: Зголемен е бројот на регистрирани случаи на Ковид, да се почитуваат препораките