Ракометот во Македонија е како религија, вели селекторот на женската ракометна репрезентација на Украина, Виталиј Андронов. Тој го даде својот коментар за саботниот меч Македонија – Украина за кој истакнува дека ќе биде многу тешко соочување.
– Велат дека сме имале среќа со нашиот противник. На хартија е едно, но во реалноста сè изгледа сосема поинаку. Станува збор за искусна репрезентација која играше на ЕП, се здоби со искуство, се соочи со моќни противници. Знаеме за односот кон ракометот во Македонија. Таму тоа е религија, а државата прави се за тимовите. Оваа репрезентација е многу сериозен противник… Затоа, ќе биде многу тешко соочување во кое се ќе биде решено во последен момент, истакнува меѓу другото Андронов за официјалниот сајт на Ракометната федерација на Украина.
Македонија игра со Украина во „Борис Трајковски“ во Скопје во 19 часот в сабота (влез слободен). Реваншот се игра во Кишварда, Унгарија во вторник (17 ч).
Победникот ќе се пласира на Мундијалот што се игра во ноември и декември.