Полициски службеници од Полициската станица Чаир вчера го уапсила Х.З.(45) од скопското село Крушопек, под сомнение дека извршил измама, информира СВР Скопје. Уапсениот се сомничи дека одзел лична карта на лице од скопско село и во филијала на финансиско друштво на подрачје на Бутел се обидел да земе кредит, претставувајќи се дека е лицето, но од вработените бил забележан дека лажно се претставува.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Скопје.