Украл телефон од малолетно девојче во Драчево

Приведен е крадецот кој завчера украл телефон од малолетно девојче во скопско Драчево.

– На 07.11.2020 во СВР Скопје од страна на  полициски службеници бил лишен од слобода Н.Ѓ.(21) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.237 од Кривичниот законик. Имено, според пријава на Б.П.(56) од Скопје, тој околу 15.00 часот на подрачјето на Драчево со закана одзел мобилен телефон од малолетната ќерка на Б.П..

Н.Ѓ. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Претходна вестНад 200 илјади граѓани неделава ќе им се исплатат парите од „Викендот без ДДВ“
Следна вестШилегов и галиите во Вардар не можат едни без други