„Улици и патишта“ времено ја санираа оградата на мостот што ја уништи автомобилот кој падна во Вардар  

Утрово екипа на ЈП “Улици и патишта” Скопје, интервенираше на санација на  заштитната ограда на “Мостот на Револуцијата” во близина на Веро Џамбо, Соопшти ова градско јавно претпријатие.

-Одбојната ограда на мостот е времено санирана со цел одржување на безбедноста на пешаците и возилата кои движат во овој дел од градот, се наведува во информавијата

Оштетувањето на заштитната ограда од мостот беше предизвикано од возило кое утрово излета во водите на река Вардар.

ЈП „Улици и патишта“ апелира за внимателност  во движењето на учесниците во сообраќајот.

Претходна вестЗа студентски оброк до 5 септември ќе може да аплицираат и бруцоши
Следна вестНенад Димитријевиќ е новата „единица“ во Милано