Улицата зад гимназијата „Орце Николов“ светна како писта

Улицата „Мирка Гинова“ во населбата Карпош, зад гимназијата „Орце Николов“ доби нов асфалт. Обновена е сообраќајницата во должина од 240 метри и ширина од 4.5 метри, како и пристапните краци од улицата.

Од Општината соопштија дека е поставен асфалт – бетон, со дебелина од 5 cm, со што се подобрува безбедноста за сите учесници во сообраќајот, потоа нови рабници, а направено е поплочување и на тротоарите, за побезбедно движење на сите граѓани.

Овој период се работи и на реконструкција на улиците „Иван Аговски“ и „Париска“, а претстои обнова и на улиците „Шекспирова“ и „Гиго Михајловски“, додека на улицата „Париска“, во Тафталиџе, се поставуваат нови сливници за апсорбирање на атмосферските води, а се работат и прекопи за БЕГ. Штом завршат овие активности, ќе се направи и финално асфалтирање на улицата.

Претходна вестНа Струшки вечери на поезијата годинава само со потврда за примена вакцина или прележан ковид
Следна вестДури 19 починати од ковид за 24 часа, нови 1.158 заразени