Десет куќички од денеска ќе бидат разместени по различни скопски населби за да во нив се засолнуваат бездомните кучиња. Ова е резултат на добротворната акција на повеќе скопски уметници организирани во групата Урбани уметнички / герила акции.
Скопскиот активист Никола Писарев, од оваа група на Урбани и уметнички акции, која што работи во состав на Центарот за современи уметности, денеска преку објавата на Фејсбук им ја честиташе Новата година на скопските улични кучиња со специјален подарок – куќички
-Среќна нова скопски streeteri. 10 куќички за вдомуванње на кучињата кои живеат по скопските маала. Куќичките се новогодишен подарок за кучињата и за Скопје од групата урбани уметнички/герила акции. Во текот на денот куќичките ке бидат наместени на различни локации во Скопје. Скопје може да биде и убав град, напиша Писарев во објавата на оваа социјална мрежа.