Унгарија со закани за вето кон Бугарија поради таксата за рускиот гас

Унгарија ќе стави вето за влез на Бугарија во европската Шенген зона без пасоши, доколку не ја укине транзитната такса за рускиот гас, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи.

-Јасно им ставивме до знаење на Бугарите дека ако ја задржат таксата долго време, ако долго ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето со енергија на Унгарија, тогаш ќе ставиме вето на нивниот влез во Шенген, ја пренесува МНР на Унгарија, изјавата на министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Унгарија е најголем увозник на руски гас во ЕУ и покрај санкциите кои се воведени во запападна Европа. Гасот од Русија, најмногу се користи за греење и за производство на струја во Унгарија. Рутата за транспорт на руски гас поминува низ Бугарија и Србија.

Бугарија најави дека ќе ја укине таксата во замена за отворање на пристапот на државата до Шенген зоната, по што Австрија и Холандија, најголемите противници на бугарското влегување во Шенген, се согласија дека Софија ги исполнила условите за пристап до безграничната зона на поголем дел од државите во ЕУ.

Заканата за вето кон Бугарија е промовирана во Будимпешта, откако унгарскиот премиер Виктор Орбан, на последниот самит на ЕУ излезе од лидерскиот состанок пред да се изгласа одлуката за почеток на преговори за членство со Украина и Молдавија. Подоцна Орбан се пофали дека спречил ЕУ да изгласа нов пакет помош за Украина во вредност од 50 милијарди евра.

Ројтерс пак во својот напис наведува дека отпорот на Орбан во Брисел му донесе некои бонус поени во Москва, со која неговата националистичка влада одржува редовни контакти дури и за време на војната во Украина.

Унгарија нема излез на море и не се откажа од рускиот гас врз чија употреба го темели индустриското производство, особено енергетиката. Во минатиот период, Унгарија купила околу 4,5 милијарди кубни метри гас од Русија.

Претходна вестПатиштата утринава проодни, само две забрани за тешки товарни возила
Следна вестОд денеска нема да работат семафорите на крстосницата на „Водњанска“ со улица „Васил Ѓоргов“