Унгарските фирми преку Штип ќе го освојуваат македонскиот пазар

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска во Штип официјално го отворија Почесниот конзулат на Унгарија.

Почесен конзул ќе биде Данела Арсовска, која повеќе години е на чело на Сојузот на Стопански комори.

Целта на овој почесен конзулат, кој ќе го покрива целиот Источен регион на земјава е економскиот потенцијал да им се понуди на унгарските инвеститори, како и домашните извозно ориентирани бизниси да стигнат до големиот унгарски пазар.

Претходна вестГо избодел колегата со нож и избегал, полицијата трага по 38-годишен скопјанец
Следна вестСледуваат два изгор-дена: Бремените жени и постарите од 60 години да седат дома