В сабота на 20-ти март во 11 часот пред Министерството за здравство, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организира протест во знак на револт од случајот со дебарската родилка на која на породување и беа извадени три органи, а Лекарската комора не констатира никаква лекарска грешка, а ниту другите институции засега не преземаат ништо.
-Сите ние сме Јилдиз и затоа што неказнивоста на ваквите трагични случаи значи нивно одобрување. Нашите тела не се „кукли фантоми за вежбање“ на партиските миленици, нашите животи не смеат да зависат од некадарноста на оние кои вршат злостор и поминуваат неказнето бидејќи се заштитени од политиката. Не смееме да дозволиме враќање во средниот век во кој жените од страв ќе се пораѓаат дома, бидејќи штетниците се заштитени од Филипче и хаотичното здравство, се вели во најавата за протестот.
Последниот скандал со Јилдиз Веапоска, сметаат дека ја прелеа чашата и бараат одговорности правда, за самиот протест велат дека е за жената и женските права, против заштитата на злосторниците хаосот и трагедиите во здравството.