Уплатените, а неискористени летни аранжмани за странство нема да пропаднат

Министерот за економија Крешник Бектеши не ја исклучува можноста доколку е потребно да биде продолжен рокот за летните аранжмани што граѓаните ги платиле, а не би можеле да ги искористат годинава поради пандемијата.

Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Бектеши рече дека 90 проценти од овие аранжмани биле за Грција.

Тој потсети на владината уредба со законска сила од лани со која енаправена измена во Законот за туристичка дејност токму за оние граѓаните кои веќе платија аранжмани, а не можеа да ги искористат поради рестриктивните мерки. Ако оваа година да не можат да бидат искористени, Бектеши најави нови измени за да се продолжи рокот.

Претходна вест17 пациенти хоспитализирани за 24 часа во ковид центрите во Скопје, се лекуваaт вкупно 258 лица
Следна вестАнтикорупциска ќе го даде пред Уставен суд законот за легализација на дивоградбите