Нова група од 149 граѓани од Авганистан пристигна доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Од владината прес-служба денеска соопшттија дека станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеле во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства.
Тие како и претходните привремено ќе бидат сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, додека трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.
Од Владата велат дека по пристигнувањето, лицата биле безбедносно проверени, прегледани медицински и направени им се ПЦР тестови. Црвениот крст им поделил хигиенски пакети и облека.
Досега во земјава на привремен престој пристигнаа вкупно 450 граѓани на Авганистан.